Предлагаме вашата постапка за обесштетување да ја препуштите на решавање на адвокат, бидејќи само на тој начин може да постигнете најголемо можно обесштетување. Осигурителните компании имено на оштетените, кои сами или преку различните „спогодбени друштва“ поднесуваат барања за оштета, обично исплаќаат само 1/3 од оштетата, која оштетените би ја добиле, доколку оштетата би ја побарале преку адвокат. Затоа интересот на осигурителните компании е што помалку оштетени да бидат застапувани од адвокати.
Во адвокатската канцеларија Шаловен ви нудиме бесплатен правен совет и преглед на документацијата во врска со вашиот пример за обесштетување.
Висината на обесштетување за нематеријална штета заради телесни повреди не е определена со закон или со било каков друг пропис. Мерилата т.е. рамката за просечна висина на оштетата се формира благодарение на десетгодишната судска пракса, а висината на оштетата е зависна од бројните фактори како што се степенот на повреда, траење на болничкиот статус, старост, професија, пол, активноста пред незгодата итн. Обесштетувањето за нематеријална штета се движи помеѓу 1.00 евра за најлесните повреди па до 350.000 евра за најтешките повреди.
За бесплатен правен совет при вашиот предмет за обесштетување исполнете го долниот контактен формулар. Вашиот случај ќе го проучиме и во најбрз можен рок ќе ви одговориме. Ви предлагаме да ја приложите исто така и целата здравствена документација за повредата и податоците за траењето на болничкиот статус, затоа што само така ќе можеме да ви доставиме проценка за висината на вистинската парична оштета.